Изминатиот викенд синдикалната организација на Бимилк учествуваше на Спортските игри 2025, во организација на Агро синдикат и СРСВМ.
Со многу енергија, тимски дух и фер игра, уште еднаш покажавме дека нашите луѓе се извонредни – не само на своите работни места, туку и на спортските терени.

Нашиот тим се истакна со извонредни резултати и ја освои титулата „Најуспешна екипа“, меѓу 11 учесници.
Постигнати резултати:
- Прво место во штафета, сложувалка, баскет (мажи) и пинг-понг (мажи)
- Второ место во пикадо (жени) и пикадо (мажи)
- Трето место во пинг-понг (жени) и баланс

Овие резултати се силен доказ за упорноста, спортскиот дух и тимската работа – вредности кои ги негуваме како компанија и надвор од неа.
Честитки за тимот!

Голема благодарност и искрени честитки до сите членови на тимот кои ја донесоа оваа победа:
• Јасминка Грбевска
• Живко Гурабиевски
• Рената Димовска
• Силавана Јоновска
• Светлана Кузманова
• Зора Божиновска
• Славче Ристевски
• Горан Димитровски
• Васко Беличовски
• Влатко Трајчески
• Александар Дојчиновски
• Јован Договски
• Михаил Јаневски
• Оливер Даралиовски
Вие сте нашата гордост – заедно победуваме!


