Зошто ни е неопходен калциумот и која е улогата на Д3 витаминот?

Содржината

Калциумот е важен за здрави и цврсти коски. Тоа е нешто што речиси секој од нас го знае како факт. Но, помалку познато е дека калциумот придонесува за регулација на работата на срцето, игра важна улога во мускулните контракции, преносот на нервни импулси и им дава цврстина на забите. Калциумот, исто така го регулира и процесот на коагулација на крвта, го зголемува имунитетот на организмот, влијае на киселинско-базната рамнотежа во организмот и е неопходен за транспорт на хранливите материи преку мембраната на клетките. Така, недостатокот на калциум во нашиот организам може да има сериозни последици и да го намали квалитетот на животот.

Првата асоцијација која ја имаме за извор на калциум, се разбира, е млекото. Зошто млекото е најдобар избор за внесување калциум? Првенствено, млекото, во споредба со останатата храна, која е исто така извор на калциум, содржи голема количина калциум во значително помала доза. Како споредба, половина литар млеко содржи иста количина калциум како и 5 килограми месо или пак 6 килограми компир. Калциумот содржан во млечните производи, организмот полесно го преработува и користи. Уште поважно е тоа дека за подобра апсорпција на калциумот и одржување на нивото на калциум во крвта, многу придонесува витаминот Д3.

Затоа, формулата за совршена комбинација е Битолско свежо млеко со Д3 витамин. Ова млеко претставува извор на калциум и витамин Д3, и на тој начин истовремено го задоволува потребното количество од овие две есенцијални состојки.

“Улогата на витаминот Д3 е да помогне за подобро да се апсорбира и сврзе калциумот, којшто од своја страна влијае на цврстината на коските. Токму затоа комбинацијата е добра и за помладите генерации за правилен раст и развој, а секако и за постарата популација како превенција од повреди и остеопороза“, вели доцент д-р Виктор Камнар, Специјалист ортопедски хирург.

Калциумот е исклучително важен за правилен раст и развој на коските, уште од најрана возраст, особено поради фактот дека коските се оформуваат отприлика до 20-тата година од животот. Понатаму, по 30-тата година од нашиот живот телото, при недостаток на калциум, е принудено истиот да го црпи од резервите кои ги има складирано во коските. Овој процес придонесува за појава на остеопороза, со која најчесто се соочува популацијата над 50 годишна возраст. Поради ова, новото Битолско свежо млеко со Д3 витамин претставува идеален избор за задоволување на потребите токму на оваа популација.

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.