Бимилк прославува 65 години традиција, успех и квалитет

Содржината

Традиција, врвен квалитет и континуиран успех – веќе 65 години Битолска млекара работи на својата цврсто вкоренета мисија да им обезбеди на потрошувачите здрави, вкусни и хранливи производи, со цел да се подигне нивото на свесност и неопходноста од здрав и избалансиран начин на исхрана.

Самиот факт дека компанијата е формирана како првата млекарница во Македонија говори за долгогодишната традиција, за беспрекорниот квалитет и за 65-годишната посветеност во работата да се изгради бренд со тежината на името „Млекара Битола“.

Бимилк своите корени ги влече од далечната 1952 година, кога од повеќе трговски претпријатија е формирано млекарско претпријатие „Млекар“ Битола, чиј дневен капацитет тогаш изнесувал 10.000 литри, а денес, по 65 години, компанијата може да се пофали со годишна преработка на над 90 милиони литри млеко и производство на повеќе од 54 различни производи.

Денес, Битолска млекара е најголемиот производител на млеко и млечни производи во Македонија, секојдневно задоволувајќи ги потребите на повеќе од милион задоволни потрошувачи. А, токму потрошувачите се и во фокусот на деловната стратегија на компанијата од почетокот до денес. Од нивните желби и потреби започнуваат сите деловни процеси и активности во поглед на развојот, модернизацијата и стандардизацијата на производството, меѓутоа константната отворена комуникација е она што денес ја прави Бимилк компанија што вистински допира до умот и до срцето на потрошувачот.

Всушност, следењето на светските трендови, како и инвестициите во нови софистицирани технологии со целосна посветеност на безбедноста и квалитетот на производите, овозможија проширување на асортиманот и креирање производи што ја потврдуваат лидерската позиција на компанијата во индустријата за млеко и млечни производи.

65-годишниот успех на Бимилк, несомнено, се должи и на добрите односи што компанијата од самиот почеток ги гради со сите свои кооперанти и фармерите, кои континуирано испорачуваат сурово млеко со врвен квалитет. Одличната соработка, помошта и поддршката на плановите за развој и унапредување на фармите говорат и за фактот дека млекарницата денес е најголемиот купувач на сурово млеко во Македонија.

Благодарејќи на сето ова, на сите континуирани иновации во производствениот процес, на сите стратешки инвестиции, но, се разбира, и благодарејќи на беспрекорниот квалитет на производите, денес Бимилк е првиот избор за млечен бренд во Македонија, а армијата луѓе што секојдневно ги купуваат производите се најдобар доказ за успехот на компанијата веќе 65 години.

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.