Голем хуманитарен проект за едукација на децата: „Собираме и ре-креираме со Бимилк“

Содржината

Близу 2.000 деца од 60 градинки ширум Македонија ќе учествуваат во креативни и едукативни работилници за зачувување на животната средина.

Како општествено одговорна компанија, Битолската млекара започна нов голем проект под името „Собираме и ре-креираме со Бимилк“ чија главна цел е поттикнување на навиките за зачувување на животната средина уште од најрана возраст.
Проектот подразбира реализација на едукативни работилници наменети за деца од 4 до 5 години, а во нив се вклучени близу 2.000 деца од повек е од 60 градинки ширум државава. Се работи за иницијатива во која Бимилк ги поттикнува децата да собираат празни амбалажи од Битолско млеко и од нив понатаму да изработуваат разни корисни предмети што може да имаат секојдневна употреба, со цел уште од најрана возраст да ја научат важноста за рециклирање и зачувување на животната средина.

Истовремено, проектот има цел да ја поттикне и хуманоста кај децата бидејк и на крајот предметите к е бидат изложени на голем хуманитарен базар на кој собраните средства к е бидат донирани за СОС Детско село Македонија.

„Навистина ми претставува големо задоволство што го започнуваме овој проект, особено зашто преку него истовремено допираме повек е значајни сегменти на општеството. Со овие работилници не само што ги едуцираме децата за екологијата како важен аспект на општеството, туку истовремено ја поттикнуваме и нивната хуманост бидејк и со нивниот ангажман тие, всушност, помагаат онаму каде што е најпотребна помош. Дополнително, преку креативна дружба со препознатливото Битолско Чупе, к е ги учиме и за важноста од стекнување здрави навики и консумирање млеко и млечни производи уште од нивното рано детство“, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер во Бимилк.

Придонесот кон заедницата е важен дел од корпоративната стратегија на Бимилк, помагајк и во повек е области и искрена солидарност кон децата. Во таа насока, со цел да придонесе и во доменот на екологијата, Бимилк го најави овој проект што е наменет токму за најмалите, со цел грижата за природата да почне уште од најрана возраст.

„Оваа година едукативните работилници ги започнуваме како пилот-проект што к е се спроведува во градинките во Скопје, Битола, Тетово, Куманово, Пробиштип, Охрид, Гевгелија и Кавадарци, мег утоа нашата искрена заложба к е биде да продолжи и во наредните години, со цел пораките за чување на животната средина, негување на здравјето и поттикнување на хуманоста да допрат до колку што е можно поголем број деца од цела Македонија“, додаде Јанкуловска.

Инаку, проектот е поддржан од Министерството за труд и социјална политика, а се реализира во соработка со специјализираната невладина организација „Дану Филантропија ЈИЕ“.

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.