Неколку причини зошто да консумираме грчки јогурт

Содржината

Грчкиот јогурт моментално важи за најомилениот млечен производ за кој што зборуваат и нутриционистите а и докторите. И тоа со вистинска причина затоа што грчкиот јогурт има состав кој што може да влијае на телесната преобразба и се почестосе нарекува супернамирница или суперхрана. Заради ова е поставен високо на листата храна или намирници кои треба да бидат повеќе застапени во секојдневната исхраната.

Што знаеме за грчкиот јогурт?! Грчкиот јогурт е густ, кремаст млечен производ кој што освен богатиот вкус и текстура што му ја дава на храната, за организмот значи придобивки кои се однесуваат на здравствената состојба, на виталноста, чувството на ситост и слично, а еве како точно неговиот состав и хранливата вредност се одразуваатврз здравјето и организмот.

Го подобрува здравјето на коските

Консумирањето грчки јогурт може да го подобри здравјето на коските, бидејќи е богат со калциум и протеини. Калциумот ги зацврстува коските и со тоа се намалува ризикот од остеопороза, дегенеративно заболување на коските. И протеините, исто така присутни во грчкиот јогурт се од витално значење за здравјето на коските.

Го намалува апетитот и гладот

Грчкиот јогурт е богат со протеини, што при консумирање создава чувство на ситост и тоа подолго време. Според некои истражувања доколку се јаде оброк кој е богат со протеини, се јадат помалку оброци дневно.

Помага при создавање мускулна маса

Храната богата со протеини, како што е грчкиот јогурт, помага за обновување и создавање на мускулна маса посебно после физичка активност и спортување.

Грчкиот јогурт, освен овие неколку но не единствени придобивки за здравјето е и вкусна храна или додаток на секој оброк, што може да се комбинира за појадок, ужина, ручек или вечера во вкус по желба. На пазарот се достапни производи од овој тип, во практично пакување од три големини – 150гр, 400гр и 700гр на брендот Грекос – грчки тип на јогурт. Грекос е совршен избор за оброк што може да се консумира самостојно, за вистинско кремасто задоволство, или да се комбинира со овошје, јаткасти плодови и житарки, како и да се користи за вкусни креми, десерти и ужини. Уживањето во Грекос може да биде во склад создравата и урамнотежена исхрана.

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.