3 мезе сосови со Битолска павлака

Состојки

  • 400 мл Битолска павлака

  • 300 г изварка

  • сол по вкус

  • Мексикански лут сос:

  • 2 мали лажички мелена црвена пипер

  • ½ мала лажичка чили зачин (по желба може да додадете повеќе)

  • лук во прав по вкус

  • Медитерански сос:

  • 2 лажици кечап

  • 2 лажици мајонез

  • ½ – 1 мала лажичка оригано

  • Традиционален сос со семиња:

  • 2 лажици сусам

  • 2 лажици сончоглед

  • мелен црн пипер по вкус

  • ½ лажиче лук во прав или 1 чешне лук или по вкус

  • 2 лажици сечкан магдонос.

Кликнете на една од состојките за да ја вметнете на вашата листа за купување.

Што е потребно за добра забава и дружење со пријателите или пак за вечерно уживање во креветот и следење на добар филм? Грицки во комбинација со вкусен сос, нели? А што би рекле за 3 мезе сосови со Битолска павлака?

Подготовка

  1. Во длабок сад ставете ги Битолската павлака, изварката и додајте сол по вкус. Измешајте и смесата поделете ја на три еднакви делови.

  2. Започнете со подготовка на мексиканскиот сос. Во едниот дел ставете мелена црвена пипер, чили зачин и додајте малку лук во прав. Измешајте ги состојките и сервирајте го сосот во мала чинија

  3. За да го направите медитеранскиот сос, во другиот дел од смесата со Битолската павлака додајте кечап, мајонез и оригано. Измешајте и сервирајте го сосот во мал сад.

  4. Сусамот и сончогледот ставете ги во нелеплива тава на оган. Пропржете ги околу 2 до 3 минути.

  5. На крај во преостанатата смеса со павлака додајте ги сусамот, сончогледот, магдоносот и зачинете со лук во прав и мелен црн пипер. Измешајте ги состојките и ставете ги во мала чинија.

  6. Трите мезе сосови со Битолска павлака послужете ги со крекери или тортиља чипс по желба. На здравје!

Препорака: Мексиканскиот сос е идеален за љубителите на лута храна, медитеранскиот сос изобилува со ароми на домати и оригано, а традиционалниот го збогативме со семиња и добивме кремасто-крцкава текстура која совршено се вклопува со крекери. Од вкусното мезе те делат само 5 минути, па зошто да не го направиш веднаш?

Коментари

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.