Банана леб со кикиритки и портокал

Состојки

  • 1½ чаша брашно

  • 1 ќесичка прашок за печиво

  • 3 зрели банани

  • ¼ чаша растопен и кратко изладен Битолски путер

  • ½ чаша кафеав шеќер

  • 1 јајце

  • 80 г Битолска павлака со 20% мм

  • ½ лажичка цимет

  • 1 ќесичка ванилин шеќер

  • кора од 1 портокал

  • ½ чаша ситно сечкани несолени кикиритки или кокос по избор.

Кликнете на една од состојките за да ја вметнете на вашата листа за купување.

Совршен е за појадок со чаша чај или кафе, за десерт или брза ужинка. Се подготвува за 5-10 минути, а се јаде уште побрзо, затоа што гарантираме дека ќе им се допадне на сите, од најмали, па до најстари. Набавете си Битолска павлака, подгответе го и уверете примамливиот вкус на популарниот банана леб со кикиритки и портокал!

Подготовка

  1. Во длабок сад измешајте ги брашното и прашокот за печиво.

  2. Во друг сад со помош на виљушка изгмечете ги зрелите банани. Додајте го растопениот и кратко изладен путер. Добро измешајте додека се соединат сите состојки.

  3. Во сад за матење изматете ги кафеавиот шеќер, јајцето, кората од портокал, циметот, Битолската павлака и ванилиниот шеќер.

  4. Смесата со брашното додајте ја во садот со јајцето и павлаката. Потоа додајте ги и пасираните банани со путерот и кратко измешајте со жица за матење.

  5. Кикиритките ситно исечкајте ги со помош на сечко или процесор за храна и додајте ги во смесата за колачот.

  6. Правоаголниот калап обложете го со хартија за печење, а потоа ставете ја смесата за колачот.

  7. Колачот печете го во претходно загреана рерна на 180 степени околу 50-60 минути. Послужете го со мед, парчиња банана и чај. На здравје!

Совет плус: Штом имате зрели и потемнети банани, не ги фрлајте! Искористете ги и направете го банана лебот.

Коментари

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.