Брускети со намаз од павлака

Состојки

  • 1 багет

  • 2 лажици маслиново масло

  • 50 г рендано биено сирење или пармезан

  • 10 чери домати

  • Листови босилек.

  • За намаз:

  • 1 главица кромид

  • 1 чешне лук

  • 1 Битолска павлака (180 г)

  • 2 лажици мајонез

  • 1 мала лажичка маслиново масло

  • Свежо цеден сок од ½ лимон

  • Зачини по вкус: ¼ мала лажичка оригано, ¼ мала лажичка мајчина душица, ¼ мала лажичка копар, сол и мелен црн пипер.

Кликнете на една од состојките за да ја вметнете на вашата листа за купување.

Крцкави брускети со кремаст намаз од Битолска павлака и спој од медитерански вкусови! Испробај ги брускетите во прва прилика. Идеални се како мезе, за појадок или вечера. Подготовката е едноставна, па ајде во кујната, време е за вкусен оброк!

Подготовка

    1. Започнете со подготовка на намазот. Кромидот и лукот ситно исечкајте ги и ставете ги во длабок сад.

    2. Во садот додајте ги Битолската павлака и мајонезот. Измешајте ги состојките за да се соедини смесата.

    3. Во садот додајте ги маслиновото масло, сокот од лимон и зачините – оригано, мајчина душица, копар. Посолете и зачинете со мелен црн пипер. Смесата измешајте ја. Намазот ставете го фрижидер.

    4. Во меѓувреме, багетот исечете го на парчиња со дебелина од 1-1,5 см. Парчињата наредете ги во тава обложена со хартија за печење. Премачкајте ги со маслиново масло. Тавата ставете ја да се пече во загреана рерна на 200 степени за време од 5 минути.

    5. Топлите брускети премачкајте ги со намазот од павлака. Додајте рендано биено сирење или пармезан по желба.

    6. Чери доматите пресечете ги на половина. Врз брускетите ставете ги сечканите домати и додајте листови босилек. Послужете ги и на здравје!

Совет плус:
За подготовката на брускетите може да користиш и бајат леб.

Коментари

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.