Брзи кифлички со павлака

  • 45 мин.
    Време на подготовка
Содржина

Состојки

  • 600g брашно

  • 200g Битолска павлака

  • 100ml топло масло (или растопен путер)

  • 200ml топло млеко

  • 1 свеж квасец

  • 1 прашок за пециво

  • 1 лажичка сол

  • 1 лажичка шеќер

  • жолчка за премачкување

  • ким, сусам, семки од лен, семки од тиква, црно семе (по избор)


Подготовка

  1. Квасецот се раствора во малку топло млеко.

  2. Се мешаат брашното, солта, прашок за пециво, павлаката, маслото (или путерот) и смесата од квасец и млеко.

  3. Се меша со лажица или со раце и се обликува меко тесто.

  4. Доколку сакате екстра меки кифлички „удрете“ ја топката тесто 50-100 пати од работната површина, додека не добиете мазна топка.

  5. Без да чекате тестото да нарасне, обликувајте кифлички во форми по желба. Може да бидат празни или со фил по сопствена желба.

  6. Премачкајте ги кифличките со матена жолчка и наросете сусам, ким, семки од тиква.

  7. Печете веднаш, во загреана рерна на 200˚С, 15-20 минути, или додека не заруменат, според јачината на рерната.

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.