Брзи пица макарони

Состојки

  • 300 г макарони

  • 3 л вода

  • 100 г кисела павлака

  • 120 мл неутрална павлака за готвење

  • 120 мл кечап

  • 1 мала лажичка оригано

  • 75 г шункова салама

  • 120 г маринирани сечкани печурки

  • 100 г кашкавал

  • сол по вкус

  • свеж босилек

Кликнете на една од состојките за да ја вметнете на вашата листа за купување.

Кое е твоето омилено јадење? Пица и макарони? Ако одговори со „Да“ ти си на вистинското место. Време е да го уживаш во кремастиот вкус и кулинарската фузија – пица макарони.

Подготовка

  1. Во тенџере на оган ставете ја водата да се вари и додајте ½ мала лажичка сол. Штом водата зоврие додајте ги макароните и варете 5-7 минути зависно од упатството наведено на пакувањето.

  2. Сварените макарони исцедете ги.

  3. Кашкавалот изрендајте го, а саламата исечете на четвртинки.

  4. Во длабок сад ставете ги павлаката, неутралната павлака за готвење, кечапот и ориганото. Измешајте ги и додајте ги во садот со макароните. Посолете по вкус.

  5. Во тава ставете ги макароните. Врз нив додајте го ренданиот кашкавал, сечканата салама и печурките.

  6. Тавата ставете ја во загреана рерна на 250 степени и печете околу 10 минути за да се растопи кашкавалот. Топлите пица макарони послужете ги веднаш со листови свеж босилек. На здравје!

Препорака: Следи ги инструкциите и немој да додаваш масло во водата во која се варат тестенините. Маслото ќе оневозможи сосот да се залепи за макароните. Вари ги во поголема количина на вода и користи Битолска павлака за најкремаст вкус!

Коментари

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.