Состојки
2 јајца
100g шеќер
230g брашно
50g какао
100ml масло
250ml Битолско млеко
8g пециво
прстофат сол
Подготовка
Во длабок сад просејте ги брашното, какаото, пецивото и солта. Додајте го шеќерот и измешајте.
Во друг сад изматете ги со жица, јајцата, маслото и млекото. Откако ќе се соединат додајте ги во садот со сувите состојки. Измешајте.
Во калап за мафини наредете хартиени корпички. Со смесата наполнете ги корпичките(по 2/3). Печете во загреана рерна на 180 степени.