Чоколадни тарт колачи со солен карамел

  • 30 мин.
    Време на подготовка
Содржина

Состојки

  • Потребни состојки:

  • Состојките одговараат за 5 мини тарт колачи Ø 10см или 1 калап Ø20-22см.

  • КОРПИ

  • – 250гр мелени бисквити

  • – 120гр растопен Битолски путер

  • – 30мл млеко

  • КАРАМЕЛ 350мл

  • – 200гр кристал шеќер

  • – 90гр Битолски путер исецкан на коцки

  • – 120мл млечна павлака за шлаг (35-36% мм) или хопла

  • – 1 лажичка сол

  • ЧОКОЛАДЕН ГАНАШ

  • – 250гр темно чоколадо

  • – 150мл млечна павлака за шлаг (или хопла)


Подготовка

  1. Во длабок сад се мешаат мелените бисквити, млекото и путерот. Смесата се соединува така што да не останат суви делови и се натапкува во калапите (по 80гр во секој). Се оставаат во замрзнувач да се стегнат додека се подготвува карамелот.

  2. Карамел:
    * Во мало тенџере на среден оган се става шеќерот да се стопи со повремено мешање. Штом се стопи се додава путерот, се меша да се растопи и соедини со шеќерот.* Потоа се додава и павлаката постепено во тенок млаз и со постојано мешање. Се остава да проврие 1 минута, се трга од оган, се додава солта, се промешува и се остава да се олади.* Оладениот карамел се распоредува во корпите (по 60мл во секоја). Остатокот од карамелот зачувајте го во добро затворен сад за прелив или други десерти.

  3. Чоколаден ганаш:
    * Во длабок сад се стават состојките и се загреваат на пареа (садот се поставува врз тенџере со вода што врие, водата не смее да го допира садот). Така стои додека не се растопи целото чоколадо со повремено мешање, се трга на стена и се меша додека не се добие густа смеса.* Ганашот се распоредува над карамелот (по 80мл во секој)

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.