Подготовка
Во длабок сад се ставаат течните состојки, па се додаваат шеќерот, солта, квасецот, жолчките. Се меша убаво и се додава брашно постепено, колку ќе прими течноста, за да се замеси средно меко тесто. Убаво се изработува, меси.
Тестото се дели на 12 дела. Се обликуваат топчиња. Секое топче се отвора со оклагија колку плитка чинија и се премачкува со омекнатиот путер. Се редат една врз друга. Последната не се мачка.
Од сите така наредени кори една врз друга се отвора голема кора.
Се сече на делови. Потоа се става по малку мармалад или крем. И на крај се виткаат кифлите.Се редат во плех , се премачкуваат со разматена белка и се киснат 30 минути. Потоа се печат во загреана рерна на 180-200 степени околу 20-25 минути. По желба се наросуваат со шеќер во прав.