Ако веќе ги испробавте нашите брзи 10-минутни фурнаринки, тогаш знаете дека на тоа совршено крцкаво тесто му треба и исто толку совршен прилог. Веројатно веќе претпоставувате што е тоа – вистинска, богата и кремаста домашна тиро салата!
Овој рецепт е совршена замена за купечките сосови, полн е со вкус, а пикантната нота на феферонките го прави идеален избор за мезе додека навивате за вашиот омилен тим. Се подготвува буквално за 5 минути, без никакво готвење или печење.
Состојки
-
180g Грекос сирење
-
180g Битолска павлака
-
4-5 сечкани феферони (прилагодете ја лутината по вкус)
-
1 лажица маслиново масло
-
½ мала лажичка оригано
-
1 чешне сечкан лук
-
Сол по вкус
Подготовка
Во длабок сад ставете го сирењето и добро издробете го со виљушка
Во истиот сад додајте ја киселата павлака и убаво измешајте ја со сирењето додека смесата не се соедини
Ситно исечкајте ги фефероните и додајте ги во садот. Зачинете со маслиново масло, оригано, малку сол и лук по желба. Измешајте уште еднаш за сите вкусови да се поврзат
Префрлете ја салатата во убав сад за послужување. Одозгора посипете со уште малку маслиново масло, додајте неколку парченца сечкани феферони и наросете оригано за декорација
Совет плус за совршено мезе:
Послужете ја веднаш со топли, тукушто испечени фурнаринки или со крцкав начос од домашни тортиљи. Контрастот помеѓу топлото мезе и ладниот пикантен дип е вистинска експлозија во устата!
Дали ја сакате тиро салатата блага или екстремно лута? Со какви грицки најчесто ја комбинирате? Напишете ни во коментар!
