Без печење и комплицирани состојки до супер вкусен десерт! Светски популарниот чизкејк е омилен и кај нас. Иако подготовката бара одредена умешност, со нашиот рецепт и оние со помало искуство во кујната ќе може да уживаат во вкусот на домашно приготвениот и супер кремаст чизкејк.
Подготовка
Најпрво подгответе ја подлогата, односно кората за чизкејк. Во длабок сад изматете ги путерот и шеќерот во прав.
Откако добро ќе ги изматите, додајте ги мелените бисквити. На крај, додајте го сокот од портокал и продолжете со мешање додека смесата се соедини.
Вака подготвената смеса префрлете ја во калап за чизкејк и рамномерно распоредете ја притискајќи ја со прсти или лажица така што ќе се формира кора.
Калапот ставете го во фрижидер за добро да се стегне, а во меѓувреме подгответе го филот.
Желатинот прелијте го со 50 мл ладна вода и оставете го да набабри.
Во длабок сад за матење измешајте ги крем сирењето и шеќерот во прав. Мешајте со нежни движења на раката и не користете миксер, бидејќи сирењето ќе се растопи и нема да ја има посакуваната густина.
Слатката павлака изматете ја во посебен сад, па додајте ја во крем сирењето и повторно со нежно мешање соединете ги сите состојки.
На крај додајте ја и павлаката и повторно промешајте.
Набабрениот желатин загрејте го неколку секунди во микробранова печка или на шпорет. Растопениот желатин додајте го во преостанатиот фил и измешајте.
Врз бисквитната подлога нанесете го филот. Калапот ставете го во фрижидер за се добро да се стегни тортата, најмалку 3 часа.
Во мал сад ставете го желатинот и додајте 100 мл ладна вода. Измешајте го и оставете го да набабри.
Во тенџере на оган ставете ги овошјето, шеќерот и преостанатата вода. Овошјето варете го 3 до 5 минути, а потоа тргнете го од оган и додајте го желатинот. Измешајте за да се растопи желатинот и оставете го преливот да се излади кратко околу 5 до 10 минути. Со помош на голема лажица преливот внимателно ставете го во калапот. Тортата вратете ја во фрижидер и оставете ја да се лади уште 3 до 4 часа. На здравје!
Совети плус: Потребното време за подготовка на тортата е околу 30-тина минути, не сметајќи го времето кое е потребно за ладење на тортата.
Испобајте ја чизкејк тортата во варијанта со подлога од чоколадни бисквити, а наместо овошен фил, ставете фил од карамел или фстак.