Француски кроасани

Состојки

  • Потребни состојки:

  • За тесто:

  • 600 грама брашно

  • 66 грама шеќер

  • 1 лажица сол

  • 7 грама шеќер

  • 215 грама вода

  • 120 грама млеко

  • 60 грама путер, ладен

  • За блок путер:

  • 340 грама путер

  • За премачкување:

Кликнете на една од состојките за да ја вметнете на вашата листа за купување.

Подготовка

  1. Тесто: Во длабок сад се ставете ги сите состојки за тестото, освен брашното. Формирајте тврдо тесто и оставете го да отстои 10 минути. По 10 минути, со миксер за тесто ставајте коцка по коцка од путерот додека да се инкорпорира убаво. Тестото треба да биде нелепливо. Тестото ставете го во сад и оставете да нарасне на собна температура 1.5 час, а откако ќе нарасне ставате го во фрижидер да стои од 4 до 12 часа.

    Блок путер:
    На хартија за печење ставете го путерот, врз него ставете уште едно парче хартија за печење и со сукало расукајте го додека да добиете тенок лист путер. Вака подготвен, ставете го во фрижидер да стои преку ноќ.

    Следниот ден, расукајте го тестото во правоаголна форма и на средината ставете го блокчето путер. Преклопете го од двете страни со тесто и ставете да стои 1 час во фрижидер. По 1 час, извадете го и расукајте го пак во правоаголна форма па пак преклопете го на три пати. Ставете го пак во фрижидер 1 час да стои и повторете го истиот чекор уште еднаш. Ставете го тестото да стои во фрижидер од 8 до 12 часа.

    Третиот ден, извадете ги тестото на работна површина со малку брашно. Со сукало расукајте го со дебелина од 1 см. Исечете 12 триаголници, формирајте кроасани и редете ги на тавче со хартија за печење. Покријте ги со фолија и оставете да нарснат 2 часа на собна температура. По 2 часа, измешајте жолчка и 1 лажица хопла и со ова премачкајте ги кроасаните. Печете ги во рерна на 180 Целзиусови степени, 20 минути, односно во зависност од рерната. На пола печење, свртете го тавчето за да се испечат рамномерно.
    Печените кроасани извадете ги на чинија и оставете убаво да се оладат пред да ги јадете.

    Рецепт од: https://www.instagram.com/teatrpovska

Коментари

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.