Полнети варени јајца со кремаст фил

Состојки

  • 12 јајца

  • 300 г Битолска павлака

  • 1 лажица сенф

  • 2 лажици ситно сечкан магдонос

  • Сол по вкус

  • 150 г чаден лосос.

  • За декорација:

  • 50 зрна капери

  • Мелен црн пипер

  • 5 гранчиња копар.

Кликнете на една од состојките за да ја вметнете на вашата листа за купување.

Сакаш да испробаш нов рецепт? Нешто поразлично, интересно и вкусно? – Направи полнети варени јајца со кремаст фил. Идеални за мезе со пријателите, како и за празничните трпези. Само за 20-тина минути направи нов специјалитет!

Подготовка

  1. Во поголемо тенџере ставете ги јајцата. Додајте ладна вода и покријте го со капак. Тенџерето ставете го на оган на висока температура. Штом водата ќе почни да вари, намалете ја температурата и варете 10 минути.

  2. Варените јајца ставете ги во ладна вода. Оставете ги да се изладат, а потоа излупете ги.

  3. Пресечете ги по должина. Извадете ги жолчките и ставете ги во длабока чинија. Во чинијата додајте ги Битолската павлака, сенфот и магдоносот. Измешајте за да се соедини филот. Посолете по вкус.

  4. Во чинија наредете ги белките. Филот ставете го во готварски шприц. Наполнете ги белките.

  5. Чадениот лосос исечкајте го на коцки. Врз секоја белка ставете парче лосос, две зрна капери и поросете со мелен црн пипер. Декорацијата завршете ја со копар. На здравје!

Совет плус: Лососот може да го замениш со шункова салама или друго чадено месо по желба.

Коментари

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.