Не си баш експерт за десерти, но тешко можеш да одолееш на чоколадните кремови во чаша? Споделуваме одличен трик и рецепт за брз чоколаден крем.
Можеш да го сервираш во чаши или да го искористиш како фил за торта или колачи. Која варијанта и да ја избереш, ќе биде полн погодок.
Подготовка
Чоколадото искршете го на коцки. Ставете го шлаг кремот заедно со чоколадото во тенџере на ниска температура Мешајте додека чоколадото се растопи, но внимавајте смесата да не зоврие.
Тенџерето тргнете го од огнот. Чоколадниот крем ставете го во сад за матење и оставете го да се излади.
Изладениот крем изматете го со миксер за време од 3 до 5 минути.
Кремот ставете го во чаши и израмнете го.
Во друг сад за матење ставете 200 ml крем шлаг и изматете го со миксер. Шлагот ставете го во кујнски шприц и декорирајте ги чашите. Декорацијата завршете ја со свежо овошје – рибизли, јагоди, вишни и листови нане по желба.
На здравје!