Канапеи со леб, павлака и печеница

Состојки

  • 6 тост лепчиња (за 12 канапеи)

  • 400 г Битолска павлака

  • 12 ленти печеница

  • Гранче магдонос.

Кликнете на една од состојките за да ја вметнете на вашата листа за купување.

Слави, имендени, родендени… сите поводи се поврзани со богато припремени трпези. Нека вашата трпеза ја красат и овие канапеи направени од леб, павлака и печеница. Креативно и вкусно!

Подготовка

    1. Тост лепчињата исучете ги со сукало. Пресечете ги дијагонално за да добиете два триаголници.

    2. Двата нови агли се превиткајте ги и прицврстете ги со чепкалки. Треба да добиете изглед како на фотографијата.

    3. Канапеите наредете ги во тава оболожена со хартија за печење. Печете ги 10 минути во претходно загреана рерна на 180 степени.

    4. Печените лепчиња оставете ги да се изладат.

    5. Битолската павлака ставете ја во готварски шприц. Со павлаката наполнете ги канапите. Лентите печеница заролајте ги и поставете ги во канапеите. Декорирајте со листови магдонос. На здравје!

Совет плус: За да го збогатиш вкусот, може да направиш фил од павлака, лук во прав и оригано.

Коментари

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.