Сите се слични, но и малку различни! Ваквите сендвичи будат посебно убави емоции и потсетуваат на лабаво дружење во некој „ланч бар“ со најблиските пријатели или саканите. Едноставно е да направите, па ви предлагаме да го пробате вака приготвениот клуб сендвич од тостирани лепчиња со павлака и јајце!
Подготовка
Лепчињата премачкајте ги со путерот и поросете ги со оригано. Испечете ги на тостер или во тава.
Откако малку ќе се изладат, сите парчиња премачкајте ги со по 1 мала лажичка Битолска павлака.
Врз првото парче леб ставете кашкавал, јајце, печеница, краставица и лист зелена салата.
Ставете го и второто парче, така што страната на која е намачкана павлаката ќе биде од долу – кон зелената салата. Парчето премачкајте го со Битолска павлака. Ставете кашкавал, јајце, печеница, домат, зелена салата.
Врз зелената салата ставете го и третото парче, така што страната на која е намачкана павлаката ќе биде од долу.
Сендвичот прицврстете го со чепкалки од сите четири страни. Со нож пресечете го дијагонално. Во средината поставете подолго дрвено стапче и послужете го клуб сендвичот. На здравје!
Совет плус: Наместо печеница, може да користите и парчиња салама или печен стек.