Овој сочен колач со кремаст фил од Битолска павлака е идеален десерт за сите љубители на слатки задоволства. Несекојдневната комбинација на моркови, рогач и богат кремаст фил, ќе ја поттикне љубопитноста кај секој обожавател на нови вкусови.
Подготовка
Морковите излупете ги и изрендајте ги на крупната страна од рендето. Потоа, прелијте ги со сокот од лимон.
Припремете ги сувите состојки. Во длабок сад ставете ги гризот, брашното, рогачот, кафеавиот шеќер, прашокот за печиво, кората од портокал и сечканте ореви. Измешајте ги со лажица за да се соединат.
Жолчките одвојте ги од белките. Жолчките и белките ставете ги во два одделни садови за матење.
Белките изматете ги во цврст шлаг.
Во садот со жолчките додајте 2 лажици шеќер. Изматете ги со миксерот додека шеќерот се растопи. Во садот со жолчките додајте ги течните состојки: млекото, маслото, Битолската павлака и румот. Изматете со кујнска жица. Постепено во садот додавајте ја смесата со сувите состојки (брашното со рогачот). На крај додајте ги изматениот шлаг од белките и ренданите моркови. Измешајте со кујнска шпатула.
Смесата за колачот ставете ја во кружен калап, претходно обложен со хартија за печење. Печете го колачот во загреана рерна на 180 степени за време од 30 до 45 минути (во зависност од јачината на рерната). Печениот колач извадете го од рерната и оставете го да се излади. Потоа отстранете ја хартија и колачот вратете го во калапот.
Подгответе го кремот. Во сад за матење ставете ги изварката, шеќерот во прав, Битолската павлака, сокот од портокал и двете ќесички ванилин шеќер. Измешајте ги со жица за матење.
Во друг сад за матење ставете го прашокот за шлаг крем и додајте го Битолското млеко. Изматете 4 до 5 минути додека се шлагот се згусти.
Шлагот постепено додавајте го во садот со кремот со Битолската павлака. Измешајте додека филот се соедини.
Ако не сте доволно искусни во готвењето, филот ставете го врз колачот. Колачот ставете го во фрижидер неколку часа за да се соединат вкусовите. А ако имате кулинарско искуство, колачот пресечете го хоризонтално на три дела. Филот поделете го на 3 дела. Едната кора од колачот ставете ја врз чинија за торта. Додајте ⅓ од филот и израмнете. Постапката повторете ја додека ги потрошите корите. На крај, тортата премачкајте ја со преостанатиот фил. На здравје!
Совет плус: Наместо урда, може да користите несолено крем сирење, како маскарпоне.