Колач со праски и крем

Состојки

  • Тесто

  • 6 јајца

  • 6 лажици шеќер

  • 6 лажици брашно

  • 2 лажици млеко

  • 1 прашок за пециво

  • околу 1kg праски

  • Фил

  • 1l Битолско млеко

  • 9 лажици шеќер

  • 3 пудинзи од ванила

Кликнете на една од состојките за да ја вметнете на вашата листа за купување.

Подготовка

  1. · Прво издвојте ги белките од жолчките во два сада.
    · Во жолчките ставете половина од количината шеќер и матете до побелување на смесата, па додадете го и млекото.
    · Во друг сад, со чисти маталки изматете ги белките додека не добиете снег и додадете го останатиот шеќер.
    · Со лесни движења соединете ги двете смеси, а притоа додадете го и брашното што претходно сте го просеале и прашокот за пециво.
    · Смесата истурете ја во тава и печете во загреана рерна на 200°C околу 15 минути. Оставете го колачот да се подизлади.

  2. · Додека тестото се лади, исечете ги праските на парчиња.
    · Може да употребите и праски од конзерва.
    · Праските наредете ги врз тестото.
    · Во сад сипете половина количина од млекото заедно со шеќерот за да се загрева.
    · Во остатокот од млеко растворете ги пудинзите.
    · Соединете ги двете смеси и варете на умерен оган до згуснување. Смесата оставете ја настрана околу 10 минути и повремено промешувајте.
    · Во топлиот пудинг додајте ја Битолската павлака и соединете со миксер. Топлата смеса истурете ја врз наредените праски.
    · Оставете го колачот во фрижидер најмалку 3 часа за да се излади пред послужување.
    По желба, врз кремот може да ставите парчиња праски и шеќер во прав.

Коментари

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.