Состојки
1 свеж квасец
1 лажицa вода
80гр. шеќер
1/2 лажиче ванила екстракт
3 јајца
200мл. млеко
500гр брашно
1 лажиче сол
120гр. Стопен Битолски путер
1 кора од лимон
350гр. вишни
150гр. Битолски путер
100гр. Шеќер
1 бурбон ванила шеќер
100гр. ливчиња бадеми
200мл. слатка павлака
Подготовка
Квасецот се меша со шеќерот и водата додека се растопи.
Јајцата, млекото, ексртактот од ванила и путерот се мешаат заедно.
Во еден длабок сад се ставаат брашното и солта, се додаваат течните состојки и квасецот и се мати со миксер околу 5-7 мин. со спиралните маталки.Тестото се покрива со крпа и се остава 1 час да стасува.
Тестото се распоредува во длабок плех врз хартија за печење и се остава покриено со крпа 15 мин.Исцедените вишни (од компот или одмрзнати) се
распоредуваат врз тестото со благо притискање.Путерот се дели на мали парчиња и се распоредува врз тестото. За крај, се нанесуваат ливчињата бадеми и
одозгора се напрскува шеќерот измешан со бурбон ванила
шеќер. Се пече 35-40 мин на 190 степени во претходно загреана рерна.
Кога ќе се испече веднаш се прска колачот со слатката
павлака и се чека да се излади.