Крем салатите се омилени на секоја трпеза! А тајната за највкусната крем салата се крие во Битолската павлака. Искомбинирана со компири, кашкавал, салама и јајца, ја направивме највкусната крем салата која треба да ја направиш за празниците.
Подготовка
Во тенџере ставете ги компирите. Додајте ја водата. Тенџерето затворете го со капак и ставете ги компирите да се варат на висока температура. Штом водата зоврие, намалете ја температурата и варете ги компирите 30 до 40 минути, додека омекнат.
Во меѓувреме, во мало тенџере ставете ги јајцата. Во тенџерето додајте вода за да ги покрие јајцата. Покријте го капак и ставете го на оган. Штом водата зоврие, намалете ја температурата и варете ги јајцата 10 до 12 минути. Варените јајца ставете ги во чинија со ладна вода. Оставете ги да се изладат, а потоа излупете ги и изрендајте ги на крупната страна од рендето. Ставете ги во длабока чинија
Варените компири, извадете ги од водата и оставете ги да се изладат. Излупете ги и изрендајте ги на крупната страна од рендето. Ставете ги во чинијата со јајцата.
Кашкавалот изрендајте го или исечкајте го на мали коцки. Шунковата салама исечкајте ја на мали коцки. Кашкавалот и шунката додајте ги во чинијата со компирите. Измешајте со голема лажица за да се соединат состојките.
Во чинијата додајте ги Битолската павлака и мајонезот. По желба додајте ситно сечкан лук. Посолете и зачинете со мелен црн пипер. Измешајте уште еднаш и сервирајте ја салатата. Декорирајте ја со сечкан магдонос. На здравје!
Совет плус: За да заштедите време при подготовката, изберете помали компири за варење. Тие побрзо ќе се сварат.