Подготовка
Со миксер изматете го путерот кој треба да биде на собна температура па додадете го издробеното сирење и матете кратко. Постепено додавајте го брашното па продолжете да мешате со раце додавајќи брашно се додека не добиеме меко тесто.
Тестото завиткајте го во фолија и оставете го во фрижидер околу 30 минути. На набрашнета површина расукајте кора со дебелина околу 1см и со помош на модла обликувајте крекери.
Ставете ги на хартија за печење, намачкајте си го јајце и наросете ги со семиња, печете на температура од 200 степени 20тина минути.