Обожаваш крем супа? – Ако одговори со „Да“, овој рецепт е прв избор за тебе. Направи крем супа од моркови. Послужи ја со Битолска павлака, свеж магдонос и парче печен леб и препушти се на новото гурманско дегустирање.
Подготовка
Кромидот ситно исечкајте го. Морковите исечкајте ги на мали коцки или изрендајте ги
Во тенџере на оган ставете го маслото да се загрее. Додајте го сечканиот кромид и пропржете го 2 – 3 минути додека порумени.
Во тенџерето додајте ги морковите. Кратко динстувајте. Додајте ги бујонот од зеленчукот и зачинете со сол, мелен црн пипер и мешан зачин.
Тенџерето покријте со капак и оставате ја супата да се вари на тивок оган, околу 30 минути, односно додека омекнат зеленчуците.
Кон крајот, тргнете го тенџерето од огнот и оставете ја супата да се излади 5 до 10 минути. Со рачен блендер миксирајте за да добиете хомогена смеса.
Тенџерето вратете го на огнот. Павлаката разматете ја со виљушка и додајте ја во тенџерето. Измешајте со жица за матење додека се соедини смесата. Штом супата зоврие, тенџерето тргнете го од огнот. Супата сервирајте ја во чинии, а во секоја од нив ставете топка Битолска павлака. Декорирајте со зрна сончоглед и свеж магдонос. На здравје!
Совет плус: Топлата кремаста супа од моркови послужете ја со парчиња печен леб.