Салатите со варени компири се едни од омилените, па ако се со кремаст сос, нема кој да одолее! Споделуваме рецепт за кремаста салата со компири, мајонез и Битолска павлака, за која веруваме дека ќе ви се допадне.
Подготовка
Компирите измијте ги. Во тенџере на оган ставете ги компирите и додајте вода. Оставете ги компирите да се варат за време од 30-40 минути, додека омекнат.
Варените компири оставете ги да се изладат, а потоа излупете ги и исчекајте ги на кругови.
Корнишоните исчекајте ги на кругови. Кромидот исечете го на ленти.
Во длабока чинија за салата ставете ги сечканите компири, корнишоните, кромидот и додајте ги винскиот оцет, солта и мелениот црн пипер. Измешајте ги состојките.
Во мала длабока чинијата ставете ги мајонезот и павлаката. Измешајте ги.
Во садот со компирите додајте го сосот и измешајте ги состојките. Декорирајте со ситно сечкан млад кромид. На здравје!
Совет плус: По желба во салатата може да додадете печурки, а за пикантен вкус – рен.