Лесен чизкејк

Состојки

  • 200 г мелени бисквити

  • 6 лажици Битолско млеко

  • 2 лажици мед

  • 180 г растопен Битолски путер.

  • Фил:

  • 1 ќесичка желатин (10 г)

  • 50 мл вода

  • 450 г безмасно крем сирење

  • 500 г Битолска павлака

  • 220 г шеќер во прав

  • 1 ќесичка ванилин шеќер.

  • Овошен слој:

  • 500 г микс од шумско овошје

  • 4 лажици шеќер

  • 100 мл вода

  • 1 ќесичка желатин (10 г).

Кликнете на една од состојките за да ја вметнете на вашата листа за купување.

Доколку на некој ваш близок пријател му се ближи роденден, ова е одличен поклон со кој сигурно пријатно ќе го изненадите. Без печење и комплицирани состојки до супер вкусен десерт!

Подготовка

  1. Во длабок сад ставете ги мелените бисквити, млеко, медот и путерот. Измешајте ги со лажица за да се соедини смесата.

  2. Смесата ставете ја во калап за чизкејк и добро притиснете.

  3. Започнете со подготовка на филот. Едната ќесичка желатин ставете ја во ѓезве. Додајте 50 мл вода и измешајте. Оставете го желатинот да набабри околу 5 – 10 минути.

  4. Во длабок сад за матење ставете ги крем сирењето, Битолската павлаката, ванилиниот шеќер и шеќерот во прав. Изматете ги со миксер за да се соедини смесата.

  5. Желатинот загрејте го за да се растопи. Притоа внимавајте – не смее да зоврие. Оставете го кратко да се излади, околу 1 минута, а потоа постепено додавајте го во филот со павлаката и матете си миксерот уште 2 – 3 минути.

  6. Филот ставете го во калапот и убаво израмнете. Калапот ставете го фрижидер за време од 5 до 6 часа, а најдобро е преку ноќ.

  7. Подгответе го овошниот фил. Желатинот ставете го во ѓезве. Додајте 50 мл вода и измешајте. Оставете го желатинот да набабри околу 5 – 10 минути. Овошниот микс, шеќерот и водата ставете ги во тенџере на оган. Варете го овошјето 2 – 3 минути. Потоа додајте го желатинот. Измешајте и тргнете го тенџерето од оган. Оставете го филот да се излади околу 20 минути, а потоа ставете го во калапот. Оставете го колачот да се стегне уште 3 – 4 часа.

  8. Калапот отворете го и сервирајте ја тортата. На здравје!

Совет плус: Чизкејкот може да го направите со овошје по желба – јагоди, малини, боровинки или чоколаден ганаж.

 

Коментари

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.