МАФИНИ СО СЛИВИ

Состојки

  • 3 јајца

  • 150g шеќер

  • 1 ванилин шеќер

  • 1 прстофат сол

  • 80g Битолски путер

  • 3 лажици рум

  • 300g брашно

  • 2 лажички прашок за пециво

  • 300-500 g сливи

  • Шеќер во прав

Кликнете на една од состојките за да ја вметнете на вашата листа за купување.

Подготовка

  1. Измијте ги сливите и извадете ги семките.. Повеќето исечете ги на коцки, а неколку сливи на кришки.

  2. Растопете го путерот на тивок оган и оставете да се излади додека го подготвувате остатокот. Белките изматете ги со миксер да се стегнат.

  3. Жолчките се мешаат со сол, шеќер и ванилин шеќер, па се додава румот и путерот, се меша кратко. Се меша понатаму со лажица, се додава брашното со прашокот за пециво заедно со белките, се меша убаво додека добиете густа смеса.

  4. На крајот измешајте ги парчињата слива – помали или поголеми по желба.

  5. Наредете во корпички во калап за мафини, одозгора наредете ги сливите кои сте ги исечкале на ленти и притиснете ги малку.

  6. Печете во загреана рерна на 180 ° C 30 минути – додека не поруменат.

  7. По желба посипете ги со шеќер во прав.

Коментари

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.