Макарони со кремаст сос од четири видови на сирења

Состојки

  • 400 г макарони

  • сол и мелен црн пипер по вкус

  • 1 мала главица кромид

  • 2 страка млад лук

  • 2 лажици маслиново масло

  • 300 мл бујон од зеленчук

  • 200 мл Битолска павлака

  • мускантно оревче по вкус

  • 2 лажици густин

  • 100 г горгонзола

  • 70 г пармезан

  • 50 г пекорино

  • 100 г рикота

  • Босилек за декорација.

Кликнете на една од состојките за да ја вметнете на вашата листа за купување.

Повкусни од што изгледаат! Макарони со неодолив вкус, за совршен појадок или лесна вечера. Зошто да бидат обични, кога може да ги сервираме со кремаст сос од четири сирења?

Подготовка

  1. Макароните сварете ги во посолена вода и потоа добро исцедете ги.

  2. Во меѓувреме започнете со подготовка на сосот. Излупете ги лукот и кромидот, измијте ги и ситно исечкајте ги.

  3. Во голема тава на оган ставете го маслиновото масло да се загрее. Во загреаното масло ставете ги сечканиот кромид и лук. Пропржете ги 3 до 4 минути, додека кромидот порумени.

  4. Во тавата додајте го бујонот од зеленчук и Битолската павлака. Измешајте, оставете сосот да се повари, па зачинете со сол, црн пипер и мускантно оревче.

  5. Во мала чинија ставете го густинот. Додајте 50 мл вода и измешајте.

  6. Густинот додајте го во тавата, а притоа постојано мешајте. Варете го сосот уште 2 до 3 минути.

  7. Горгонзолата исечете ја на парчиња, а пармезанот и пекориното (тврдо овчко сирење) ситно изрендајте ги.

  8. Сите сирења освен 20-тина грама од пармезанот додајте ги во сосот. Мешајте со жица за матење додека се растопат сирењата. Во тавата додајте ги претходно сварените и исцедени макарони. Кратко измешајте и сервирајте ги макароните во чинии. Посипете со преостанатиот пармезан и декорирајте со свеж босилек. На здравје!

Совет плус: Ако немате млад лук, заменете го со 2 – 3 чешниња лук.

Коментари

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.