Малку поинаков таратур

  • 20 мин.
    Време на подготовка
Содржина

Состојки

  • 1 кг кисело млеко

  • 350 гр кисели краставички

  • 1-2 чесни лук

  • 50 гр ореви

  • ½ китка копар

  • сол, масло


Подготовка

  1. Киселите краставички и лукот ситно се сечкаат, а оревите се мелат, но не премногу ситно. Се зачинува со ситно сечкан копар, сол и масло (може и маслиново), па сè се меша до соединување. Пред послужување треба добро да се излади.

  2. Препуштете се на креативност во кујната, бидејќи полната структура на Битолското кисело млеко ви овозможува неограничен број можности. Тоа е одличен додаток и за сармички, спанаќ, полнети пиперки, мусака, печено месо, компири и безброј други јадења, но може да се додаде и на овошни или зеленчукови салати како прелив. Изборот е ваш, но за каква било комбинација и да се одлучите, ние ви ветуваме богат, незаменлив вкус што нема да ве остави рамнодушни.

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.