Ти треба идеја за викенд појадок? – Направи нов рецепт со Битолска павлака! Меки и топли мекици кои се супер избор за целото семејство. Послужи ги со Грекос сирење и Битолски јогурт, и внеси радост на трпезата.
Подготовка
Во сад за месење се ставаат квасецот, шеќерот, млаката вода и една лажица брашно. Се меша со лажица за да се растопи квасецот. Се остава квасецот да се активира и нарасне.
Во садот се додава киселата павлака и смесата се меша со жица за матење. Потоа се додаваат пресеаните брашна и солта. Смесата се меша со лажица.
Садот се покрива со кујнска крпа и се остава тестото да нарасне околу 20 минути.
Штом се дуплира, со намрсени раце се вади дел од тестото и се растегнува за да се формира мекица.
Во длабоко тенџере или фритеза се става маслото да се загрее. Во загреаното масло се ставаат мекиците. Се пржат од двете страни за време од 3 до 4 минути. Пржените мекици се вадат врз чинија обложена со кујнска хартија за да се впие вишокот на масло. На здравје!
Совет плус: Мекиците може да ги послужиш топли или ладни со сладок или солен фил по желба.