Подготовка
Ситно исецкајте го кромидот и пропржете го со црвен пипер и сол. Изренданите моркови додадете ги во кромидот. Додадете го меленото место и оставете го на тивко. При крај ставете филџан вода и оставете го да крчка.
Исечете ги компирите тенко и во длабок сад измешајте ги со малку масло и зачини по желба. Тавата за печење премачкајте ја и редете, ред компири, па смесата со месо и вода и уште еден ред компири. Додадете половина филџан вода и покриениот сад ставете го во рерна.
Изматете ги јајцата со Битолското кисело млеко и додадете сол. Кога ќе омекнат компирите (после половина час) истурете го Битолското кисело млеко со јајца.