Мусака со компири и мелено месо

Состојки

  • 1 главица кромид

  • 1 морков

  • 1 чешне лук

  • 2 лажици масло

  • 300 г мелено месо

  • 1 лажичка сол

  • 1 лажичка мешан зачин

  • ½ мала лажичка оригано

  • ½ мала лажичка мелен црн пипер

  • 1 лажица доматно пире

  • 6 компири (средна големина)

  • 1 лажица Моја Кравица путер

  • Вода по потреба

  • 3 јајца

  • 200 г Битолска павлака.

Кликнете на една од состојките за да ја вметнете на вашата листа за купување.

Секој си има свој рецепт за мусака која е едно од омилените јадења во Македонија. Најчесто се прави со компири и мелено месо, а може да се најдат и варијанти со модар патлиџан или тиквички. Но, онаа традиционалната, таа ни е најубава и највкусна, омилена!

Подготовка

    1. Рерната пуштете ја да се загрева на 175 степени.

    2. Кромидот и лукот ситно исчекајте ги. Морковот излупете го и изрендајте го на ситната страна од рендето.

    3. Во голема тава на оган ставете го маслото да се загрее. Во загреаното масло додајте го сечканиот кромид и пропржете го 3 до 4 минути, додека порумени. Потоа додајте го морковот. Пропржете го 2-3 минути. Додајте го лукот и пропржете го 1 минута.

    4. Во тавата додајте го меленото месо. Зачинете со сол, мешан зачин, оригано и мелен црн пипер. Пржете го месото додека порумени за време од 5 до 7 минути. На крај додајте го доматното пире и продолжете со пржењето уште 2 минути. Тавата тргнете ја од огнот. Месото поделете го на два дела.

    5. Компирите добро измијте ги, излупете ги и исечете ги на кругови со дебелина околу 4 мм. Поделете ги на три дела.

    6. Тавата (големина 24) премачкајте ја со растопен путер.

    7. Во тавата ставете го првиот слој компири. Посолете ги и додајте го едниот дел од филот. Израмнете со лажица. Додајте го вториот слој на компири и посолете. Ставете го преостанатиот фил со мелено месо. На крај додајте го третиот слој со компирите. Во тавата додајте водата, така што последниот ред од компирите, не треба да биде покриен.

    8. Тавата покријте ја со алуминиумска фолија. Ставете ја во загреаната рерна и печете 30 минути.

    9. Во длабок сад ставете ги јајцата и изматете ги со жица за матење. Додајте ја павлаката и изматете кратко за да се соедини смесата.

    10. Тавата извадете ја од рерната, а фолијата отстранете ја. Додајте ја смесата со изматените јајца.

    11. Вратете ја во рерна (без фолија) и продолжете со печењето уште 20 минути. Извадете ја тавата и оставете ја мусаката кратко да се излади. Наросете ситно сечкан копар или магдонос по желба и послужете ја. На здравје!

Совет плус: Мусаката може да ја направиш и со два реда на компири и еден ред мелено месо.

Коментари

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.