Окрошка (Летна супа со јогурт)

Состојки

  • 8 Јајца од потполошка

  • 2 краставици (една ситно сечкана, една рендана)

  • 200гр. микс од тревки (нане, магдонос, целер и копар)

  • 900гр. Битолски јогурт

  • Сол

  • 1 лажичка изрендан рен

  • 1-2 лажички сенф

  • 10 ‘рдокви

Кликнете на една од состојките за да ја вметнете на вашата листа за купување.

Подготовка

  1. Наполнете сад со ладна вода и оставете го на страна. Во друг сад сварете ги јајца од потполошка. Откако ќе се сварат, после отприлика 3 минути извадете ги јајцата oд врелата вода и веднаш ставете ги во садот со ладната вода. Откако ќе се изладат, внимателно излупете ги, пресечете ги на половина и ставете ги во фриждер.

  2. Следно, поставете цедалка над сад и стиснете ги силно сецканите краставички со цел водата да истече од нив. Би требало да добиете 2/3 од една кафена шоља.

  3. Во блендер измешајте го миксот од тревки (2 лажички) со 2 лажици ладна вода. Миксајте 20-30 секунди во блендерот додека не се исечкаат убаво, притоа внимавајќи да не добиете премногу течна смеса.

  4. Во друг, поголем сад, измештајте Битолски јогурт со добиената течност од краставичките, изрендамиот рен и сенфот. Додадете ги со мешање и тревките од бледерот, посолете и добиената смеса ставете ја во фриждер.

  5. Во 8 садови за супа ставете подеднакво количество летна супа, украсете со сварените и излупени јајца од потполошка и додадете ренданите краставички од почетокот заедно со исечкани ‘рдокви.

Коментари

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.