Омлет тортиља

Состојки

  • 2 јајца

  • Спанаќ

  • 180g Битолска павлака

  • Кашкавал/Моцарела

  • Тортиља

Кликнете на една од состојките за да ја вметнете на вашата листа за купување.

Подготовка

  1. Најпрво изматете ги јајцата и ставете ги на тава со малку маслиново масло. Печете ги само од едната страна како омлет/палачинка на тивка температура, а во меѓувреме почнете со редење на состојките. Ставете спанаќ, премачкајте со Битолска павлака и ставете парчиња кашкавал или моцарела. Преклопете и оставете неколку минутки.

  2. Во грил тава или на тостер ставете тортиља и во неа ставете го омлетот. Преклопете и потпечете од двете страни. Исечете го на парчиња, завиткајте го спакувајте го и имате брз, лесен и највкусен појадок кој ќе ве држи сити подолго време. Може дополнително да си земете и плус некоја лажица павлака како сосче за макање.

Коментари

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.