Подготовка
Сварете ги јајцата и исцекајте ги на ситно во сад.
Излупете ја краставицата и исецкајте ја на ситно во чинијата, а потоа додадете ги лукот и руколата на ситни парчиња. По желба посолете, додадете го копарот и на крај сето тоа прелијте со густ јогурт.
Измешајте ја салатата и оставете јогуртот да ја соедини. Пред служење изладете ја во фрижидер, а потоа уживајте во оваа вкусна салата.