Американски палачинки

Состојки

  • 2 јајца

  • 2 чаши Битолско млеко

  • 70 мл масло

  • 100 г Битолска павлака

  • 300 г брашно

  • 1 ќесичка прашок за печиво

  • 1 ќесичка ванилин шеќер

  • 2 лажици шеќер.

Кликнете на една од состојките за да ја вметнете на вашата листа за купување.

Сите обожаваат палачинки! Тие се одлични за појадок или за десерт во било кој период од денот. Може да се сервираат на различни начини со чоколаден крем, путер, овошје, мед, мармалад…

Подготовка

    1. Во длабок сад за месење ставете ги јајца. Изматете ги со жица за матење. Во садот додајте ги млекото и маслото. Промешајте. Додајте ја и Битолската павлака и измешајте за да се соедини смесата.

    2. Брашното просејте го и ставете го во длабок сад. Додајте ги прашокот за печиво, ванилата и шеќерот. Измешајте ги состојките.

    3. Во садот со течните состојки постепено додавајте од смесата со брашно и мешајте со жицата за да се добие хомогена смеса.

    4. Тавата за палачинки ставете ја на оган на умерено-висока температура. Штом тавата се загрее премачкајте ја со малку масло и ставете од смесата за палачинките (околу ¼ чаша). Штом на површината забележите дека се појавиле меурчиња, палачинката превртете ја од другата страна. Печете ја уште 1 до 2 минути.

    5. Постапката повторете ја додека ја потрошите смесата. На здравје!

Совет плус: Користете мала мерица (¼ чаша) или голема црпалка за најдобро да ги формирате палачинките.

Коментари

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.