Ова е еден од нашите омилени, традиционални рецепти, направен во нова варијанта со Битолска павлака која го збогатува вкусот. Кога немате многу време, а сакате да каснете нешто вкусно, овој рецепт е првиот на кој што треба да се сетите.
Подготовка
Пиперките измијте и исчистете ги од дршките и семето.
Во длабока чинија измешајте ги изварката, јајцата и маслото. Филот ставете го во готварски шприц и наполнете ги пиперките.
Пиперките наредете ги во тава. Печете ги во претходно загреана рерна на 200 степени за време од 20 – 30 минути.
Во длабока чинија ставете ги јајцата и Битолската павлака. Изматете ги со виљушка. Со смесата полејте ги пиперките и продолжете со печењето уште 15 минути. Послужете ги додека се топли. На здравје!