Подготовка
Во соодветен сад ставете го Битолскиот јогуртот и додадете ги во него сите останати состојки.
Копаните додадете ги во садот, измешајте убаво,па потоа ставете ги во фрижидер да постојат најмалку 12 часа, а може и 24 часа. Повремено може да го протресувате садот да ги размешате за да се впијат зачините, па потоа пак ставете го садот во фрижидерот.
Во помала тава ставете ја целата смеса, распоредете го месото и оставете да се пече на 200 степени.
Повремено погледнувајте го текот на печењето и превртувајте го месото.
Се пече околу 40 минути, односно готово е кога веќе останал бистар сос кој ќе го искористите за залевање при поставувањето на ручекот.
Послужете со ориз, булгур, компир, пире или спанаќ.