Состојки
400 гр пилешки гради
200 гр Битолска павлака
200 гр неутрална павлака
200 гр шампињони
2 лукчиња
100 гр рендан пармезан
50 гр пченкарно брашно
Сол и бибер
Подготовка
Најпрво се сечат пилешките гради на тенки парчиња, па се посолуваат и наросуваат со мелен црн бибер и една кесичка рендан пармезан.
Пред пржење секој стек се валка во пченкарно брашно, па се пржи во тава на загреано масло.
Се тргаат на страна.
Во тава на загреано масло се пропржува исецканото лукче и се додаваат исецканите шампињони. Се додава неутралната павлака, Битолската павлака и ренданиот пармезан. Оставете убаво да се згусне сосот.
На крај, ставете ги парчињата стек во сосот.