ПИЛЕШКО ВО СОС ОД ПАВЛАКА

  • 25 мин.
    Време на подготовка
Содржина

Состојки

  • 1kg пилешки стек

  • 3 моркови

  • 2 кромидки

  • 200g димено каре

  • 500g печурки

  • 2 лажици брашно

  • 1 лажица црвен пипер

  • 400ml Битолска павлака

  • Малку оригано,магданос,кари,мешан зачин и бибер


Подготовка

  1. Најпрвин пилешките стекови се варат со малку вода заедно со кромидот и морковите. Се варат на тивок огин кратко време за морковите и кромидот да омекнат. Се тргаат на страна и во загреана тава со малку масло се пржи кромидот и ситно сецканите моркови.

  2. Во тавата се додаваат дименото ситно сецкано каре и печурките и кратко се пропржуваат.

  3. На крајот се ставаат двете лажици брашно и црвен пипер, се пропржува и смесата се додава во тавата за печење заедно со стекот и течноста која останала од варењето.

  4. Смесата се промешува и се додадаваат двете павлаки заедно со сите зачини. Вака тавата e подготвена за потпекување, се ставa капакот и околу половина час се крчка во рерна на 220 степени.

  5. Пред крај се вади капакот и се запекува уште пет мин.

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.