Пилешко во сос од печурки и путер

Содржина

Состојки

  • Потребни сосотјки:

  • 200 гр Битолски путер

  • 400 гр пилешко месо

  • 200 гр печурки

  • Едно паковање моцарела

  • 200 мл хопла

  • Кари, лук во прав, сол и оригано.


Подготовка

  1. На 100 гр путер го пржиме зачинетото месо. Јас ставив едно лажиче сол, 1 оригано, 1/4 лук во прав 1/4 кари, малку црн пипер и сушен магдонос. Го пржиме на мала температура.

  2. Додека во друга тава на путер кој претходно ќе се растопи ги пржиме печурки ситно сецкани, во нив само ставам 1/4 лажичка сол, 1/4 лажичка лук во прав и малку црн пипер. Путерот ја игра најголемата улога во сосот со печурките, зошто дава една убава кремаста текстура која неможе да ја добиете со масло. Кога печурките ќе бидат подготвени ја додаваме хоплата.

  3. Кога хоплата ќе се згусне, ја додаваме ситно исецканата моцарела. Таа се растопува и може да послужиме

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.