Идеална за ладните денови! Оваа пилешка чорба нуди богат вкус и топлина со секој залак, а на трпезата ќе донесе радост. Штом еднаш ќе ја направите, сигурно ќе биде на листата со омилени рецепти.
Подготовка
Кромидот и компирите исечкајте ги на мали коцки. Ставете ги во одделни чинии. Морковите исечкајте ги на мали коцки или изрендајте ги на ситната страна на рендето
Месото исечкајте го на коцки со големина од 2*2 см.
Во тенџере на оган ставете го маслото да се загрее. Во загреаното масло додајте го сечканиот кромид и пропржете го додека порумени. Потоа додајте ги морковите и пропржете ги околу 1 минута.
Во тенџерeто додајте компирите и месото. Измешајте ги и кратко пропржете ги. На крај додајте ја водата, зачинете со сол, мелен црн пипер и мешан зачин. Оставете ја чорбата да се вари на тивок оган околу 40 минути.
Кон крајот на варењето, во мал сад ставете ги павлаката и јајцето. Изматете го со виљушка за да се соединат.
Смесата додајте ја во тенџерето и мешајте со жица за матење. Варете уште 2 до 3 минути.
Магдоносот исечкајте го ситно. Додајте го во чорбата. Покријте со капак и оставете ја чорбата да отстои 5 минути. Послужете ја додека е топла. На здравје!
Совет плус: За најдобар вкус, чорбата послужете ја со парчиња печен леб.