Гурмански специјалитет, исто како од ресторан! Кој може да одолее на парчиња сочно пилешко месо во кремаст сос од Битолска павлака и печурки? – Пригответе го рецептот за викенд, за специјали поводи или кога сакате да направите промена на менито и да уживате во нови вкусови.
Подготовка
Пилешкото месо исечете го на коцки со димензии 2*2 см. Ставете го во длабок сад и додајте 2 лажици масло. Зачинете го со сол и мелен црн пипер. Оставете го месото во маринадата околу 30 минути, а најдобро е преку ноќ. За време на маринирањето, чувајте го садот со месото во фрижидер.
Во длабока чинија ставете го брашното. Коцките месо обложете ги со брашното од сите страни.
Во голема тава на оган (на умерено висока температура) ставете 2-3 лажици масло да се загрее. Во загреаното масло додајте од коцките пилешко месо и пропржете ги од сите страни за време од 2-3 минути по страна. Пржените коцки од месо извадете ги во чинија. Постапката повторете ја додека го испржите целото пилешко месо.
Кромидот ситно исечкајте го. Печурките исечкајте ги на листови со дебелина од 3-5 мм.
Во тавата во која се пржеше месото додајте 1 лажица масло. Тавата ставете ја на оган на умерена температура. Ставете го кромидот и пропржете го 3-4 минути, додека порумени. Во тавата додајте ги печурките. Покријте ја тавата со капак и оставете ги зеленчуците да се динстуваат во сопствениот сок. Повремено промешувајте. Штом печурките ќе пуштат течност, отстранете го капакот. Зголемете ја температурата и пропржете ги зеленчуците додека течноста испари.
Во топлата вода ставете ја коцката за супа. Измешајте за да се растопи коцката. Течноста додајте ја во тавата.
Павлаката измешајте ја со виљушка и додајте во тавата. Оставете сосот да крчка околу 2 до 3 минути. По вкус, додајте сол и мелен црн пипер.
Во чинии ставете го пилешкото месо и додајте од сосот со печурки и павлака. Декорирајте го јадењето со свежо сечкан магдонос. Послужете додека е топло. На здравје!
Совети плус:
- Постапката на пржење на месото повторете ја 2 до 3 пати, во зависност од големината на тавата. Најдобро е месото да се пржи во еден слој, односно да не биде тавата преполна со месо.
- За да заштедите на време, течноста која ќе ја пуштат печурките може да ја истурите.
- Наместо коцки, стекот може да го исечете на два дела и така да го испржите. На крај, прелијте го со сосот од печурки и павлака.