Есента е златна кралица, па да искористиме се што ни нуди природата и сезоната.
Пита од јаболка е задолжителна за овој период од годината и затоа овој рецепт треба да биде направен во секој дом.
Подготовка
Најпрво изрендајте 4 јаболка, додадете 2 лажици шеќер и сок од пола лимон. Оставете ја оваа мешавина 1 час.
Додека чекате тој 1 час да помине подгответе ги останатите состојки:
- 2 јајца;
- 25 гр. Моја Кравица путер со маслесност од 82% на собна температура;
- 1 лажиче прашок за пециво;
- 120 гр. БИТОЛСКА павлака;
- 180 гр. просеано брашно;
- 1 лажица цимет (може и повеќе);
- 2 лажици мед
Откако сите состојки убаво ќе се изматат, се додаваат јаболката и 120 гр. сецкани ореви.
Целата смеса се истура во калап за торта со големина 28 (ако е помал, ќе биде повисока) и се пече во загреана рерна на 190°, околу 35 минути. Искористете го трикот со чачкалицата за да се уверите дека е печена.
Оставете ја да се подизлади и премачкајте ја одозгора со претходно подготвен крем од 200гр. БИТОЛСКА павлака и 3 супени лажици мед. Наросете со сецкани ореви и послужете.
Гответе со љубов! ♥