Состојки
-
1 кг брашно
-
1 квасец
-
1 лажиче сол, прстофат шеќер и млака вода
-
400 гр кисело млеко
-
3-4 јајца
Подготовка
Замесете го брашното и оставете го да нарасне. Исукајте две кори, со тоа што едната да биде поголема од тавата во која ќе се пече.
Намастете ја тавата и ставете ја поголемата кора.
Врз тестото ставете ја мешавината од јајца и кисело млеко. Покријте со другата кора, а деловите што висат од долната завиткајте ги на крајчињата.
Печете во загреана рерна околу 40-45 минути.