Полнети печурки со спанаќ, мортадела и сирење

Состојки

  • 1 лажица маслиново масло

  • ½ главица кромид

  • 4 големи печурки Portobello

  • 4 брикети спанаќ

  • 4 парчиња топено сирење за мачкање

  • 4 лажици пармезан

  • 180 г Битолска павлака

  • 2 парчиња мортадела

  • Сол, пипер, масло.

Кликнете на една од состојките за да ја вметнете на вашата листа за купување.

Направи промена на менито и испробај нов рецепт! Секој ден, нов рецепт со омилената Битолска павлака. За ручек или вечера испробај го рецептот за полнетите печурки со спанаќ, мортадела и сирење. Превкусна комбинација која освојува на секој залак. Вреди на да се направи!

Подготовка

  1. Кромидот ситно исечкајте го. Дршките одделете ги од печурките и ситно исечкајте ги.

  2. Мортаделата исечкајте ја на коцки.

  3. Во тава на оган ставете го маслиновото масло да се загрее. Додајте го кромидот и пропржете го 2 – 3 минути. Во тавата додајте ги и исечканите дршки од печурките. Пропржете ги уште 3 – 4 минути.

  4. Додајте ги брикетите спанаќ и кратко пропржете. Во тавата додајте ги топеното сирење, пармезанот, Битолската павлака и мортаделата. Измешајте го филот и тргнете ја тавата од огнот.

  5. Печурките ставете ги во мала тава обложена со хартија за печење. Наполнете ги со филот. Печете ги во загреана рерна на 200 степени за време од 25 минути. Послужете ги додека се топли. На здравје!

Совет плус: Пред печење врз печурките може да ставиш и рендан кашкавал.

Коментари

Споделете го овој текст:

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.