Состојки
2 тиквички
300 гр мелено месо
150 гр ориз
1 кромид
1 супена лажица мешан зачин, сол, бибер
4 јајца
500 гр кисело млеко
Подготовка
Во загреано масло се запржува кромидот, па се додава месото, а откако ќе се запржи, се додава и оризот и се зачинува.
Тиквичките се лупат и се длабат, па се полнат со меленото месо. Се ставаат во земјена тава и се попрскуваат со масло, а тавата се полни со вода, доволно колку да ги покрие.
Се пече подолго, во загреана рерна, со цел убаво да се загрее тавата, а откако тиквичката ќе биде варена, се прелева со матени јајца со кисело млеко и се допекува уште малку за да фати кора. На ова јадење може да се додаде и јаболков оцет.