Сакаш поздраво да се храниш? – Да внесуваш повеќе зеленчук, а истовремено храната да биде вкусна? – Имаме супер рецепт за тебе. Направи помфрит од моркови и послужи ги со освежителен сос од павлака.
Подготовка
Морковите излупете ги. Потоа пресчете ги четвртини или тенки ленти. Ставете ги во длабока чинија и додајте ги маслиново масло, лукот во прав и рузмаринот. Измешајте ги.
Тавата обожете ја со хартија за печење. Морковите наредете ги во тавата во еден слој.
Печете ги во загреана рерна на 200 степени, за време од 30 минути.Кон крајот на печењето пригответе го сосот. Во мал длабок сад ставете ги Битолската павлака, мајонезот, копарот и солта. Измешајте ги.
Печените моркови послужете ги со сосот. На здравје!
Совет плус: Најдобро е да користите беби моркови – свежи или замрзнати.